Македонскиот борач Владимир Егоров го освои петтото место на Светското првенство во борење во Загреб.
Во борбата за бронзениот медал Егоров загуби со 1-3 од Гуломјон Абдулаев од Узбекистан.
Претходно, во репасажот убедливо го совлада Канаѓанецот Гарет Остин Сандерс со 10-0 и си обезбеди шанса да се бори за медал.