Егоров остана без репасаж, Индиецот Аман убедливо поразен во полуфиналето

Македонскиот олимпиец Владимир Егоров, кој се натпреваруваше во борење, во категоријата до 57 килограми, и официјално го заврши својот настап на Летните олимписки игри во Париз.

Егоров во првото коло загуби од натпреварувачот од Индија, Аман, кој потоа стигна до полуфиналето и со победа ќе го повлечеше нашиот борач во репасажот, но Индиецот загуби убедливо со 10-0 од Јапонецот Реи Хигучи, а со тоа ги згаснаа и надежите на Егоров дека ќе се вмеша во борбата за бронзениот медал.

- Оглас -

Најнови вести