Европската ракометна федерација, ЕХФ, го објави идеалниот олстар тим на Европското првенство кое завршува денеска.
Без разлика дали вечерва Данска ќе го добие или загуби финалето, за најкорисен играч, МВП, е прогласен Матијас Гидсел од Данска.
Него го нема во олстар тимот. Таму се најдоа голманот Волф од Германија, левото крило Педерсен од Норвешка, левиот бек Питлик од Данска, средниот бек Кристјансон од Исланд, десен бек е Франциско Кошта од Португалија, најдобро лево крило Хрватот Шоштариќ, пикерот Гола од Германија. Најдобар дефанзивец е Салвадор од Португалија, а најдобар млад играч неговиот сонародник Франциско Кошта.

