Претставници на ракометните федерации на Македонија, Србија и Црна Гора денеска одржаа официјален состанок на којшто темата беше формирањето на регионална ракометна лига во машка и женска конкуренција.
На состанокот секако дека беа разгледани повеќе варијанти и солуции околу тоа како и на кој начин би функционирале лигите во обете конкуренции.
Сите учесници на состанокот изразија цврст и единствен став дека заедничките лиги треба да започнат веќе од септември оваа година, со висок степен на организација и професионални стандарди.

Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на наредниот состанок, кој е планиран за април во Скопје, кога ќе бидат усогласени сите клучни детали и ќе се дефинира конечниот модел на лигите. На наведениот состанок ќе бидат поканети и претставници на клубовите со цел активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки.
Ракометните федерации продолжуваат со интензивна комуникација и соработка со цел реализација на овој значаен проект за развој на ракометот во регионот.

