Европската ракометна федерација, ЕХФ, направи ротација на вториот и третиот противник на Македонија на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.
Нашата репрезентација ќе игра во данскиот Хернинг со домаќинот на првенството, како и со Португалија и Романија. На отворањето на првенството на 16 јануари играме против Данска, а вториот меч требаше да биде против Романија. На крајот, според планот, требаше да се игра веројатно и решавачкиот дуел за пласман во следната рунда против Португалија.
Сепак, ЕХФ направи рокада, па на 18 јануари ќе играме против Португалија, а два дена подоцна, на 20 јануари и против Романија.