ЕХФ ја откри полудиригираната ждрепка за ЕП – Македонија не може против Германија и Норвешка

Македонската ракометна репрезентација и официјално ќе биде во вториот барабан на ждрепката за Европското првенство кое следната година ќе биде во Австрија, Шведска и Норвешка. Нашите најдобри ракометари завршија како првопласирани во квалификациите и со тоа се изборија да бидат во барабанот во којшто ќе бидат и Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија, што значи дека тие не може да бидат наши ривали во групната фаза од континеталниот собир.

Бидејќи се работи за полудиригирана ждрепка, јасно е дека Германија и Норвешка ќе играат во Трондхајм, што значи дека Македонија не може да биде во група од овој град.

Според ждрепката, во првиот барабан ќе бидат: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска и Чешка. Во третиот барабан има место за Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија и Летонија, а во последниот четврти барабан ќе бидат Полска, Русија, Србија, Украина, БиХ и Холандија.

Ждрепката за групната фаза за ЕП 2020 ќе биде на 28 јуни.

- Оглас -

Најнови вести