Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одби барањето на хрватската репрезентација да си замине од Виена утре попладне, веднаш по завршување на мечот со Шпанија. Коцкестите во 16 часот ќе го играат дуелот кој ќе одлучи за првото место во групата, а потоа двете селекции треба да заминат во Стокхолм, каде што ќе се игра завршницата на континенталниот собир.
Од Хрватската федерација планот бил репрезентативците утре попладне да заминат кон Шведска за да може да се добие повеќе време за одмор и аклиматизација. Сепак, од ЕХФ го одбија ова барање со образложение дека според протоколот, селекциите мора да преспијат и утре во Виена, а дури потоа да заминат во Стокхолм.