ЕХФ одлучи кога ќе му го додели европскиот пехар на Алкалоид

Алкалоид заслужено ќе го добие трофејот наменет за победникот во Европскиот куп на ЕХФ и тоа ќе се случи на почетокот од сезоната сезона. Алкалоид е шампион во третото по ранг натпреварување во Европа, но не успеа да го добие трофејот на теренот затоа што ракометарите на грчкиот тим АЕК решија да не излезат на теренот во реваншот од финалето во „Борис Трајковски“.

Од Европската куќа на ракометот очекувано доделија службена победа од 10:0 за Алкалоид, а на тоа ако се додаде и победата од четири гола разлика на првата средба во Атина, сосема заслужено пехарот ќе ги краси витрините на екипата од Автокоманда.

АЕК доби суспензија од ЕХФ поради одлуката да не го игра реваншот во финалето, а Алкалоид заработи парична казна затоа што како домаќин не обезбедил доволен број билети за гостински навивачи.

- Оглас -

Најнови вести