Судот на Европската ракометна федерација им изрече парични казни на клубовите Алкалоид и АЕК за неодиграниот реванш-меч од ЕХФ купот кој требаше да се игра на 25 мај во Скопје, но Грците одбија да играат.
Македонскиот клуб ќе плати казна од 5.000 евра затоа што не му го дал н АЕК бараниот број на билети за гостински навивачи. Судот утврди дека клубот од Автокоманда бил должен да обезбеди 10 проценти од капацитетот на салата за гостинскиот клуб. Со тоа што не обезбедил доволно билети, ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е казнет.
АЕК доби суспензија од две години во кои нема да смее да учествува во натпреварувањата на ЕХФ, а доби и парична казна од 20.000 евра.