Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди барабаните пред утрешната ждрепка за бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство 2027 година која ќе се одржи во Германија.
Благодарение на добриот настап на ЕП и освоеното 14-то место, Македонија се најде во привилегираниот прв барабан, што значи дека ќе ги одбегне најголемите фаворити за потенцијални ривали во баражот.
На СП директно се пласираат: Германија како домаќин, Данска како светски првак, како и Хрватска и Исланд, кои вечерва играат во полуфиналето на ЕП. На Мундијалот ќе бидат и Шведска и Португалија, кои ќе играат за петтото место.
Македонија сигурно нема да може да игра против Словенија, Франција, Норвешка, Шпанија…, но затоа како можни ривали се Италија, Србија, Црна Гора…
Ждрепката за бараж-натпреварите ќе се изврши на 31 јануари (сабота) со почеток од 15:00 часот во Хернинг, Данска.
ПРВ БАРАБАН:
Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Ф. Острови, Македонија, Холандија, Австрија
ВТОР БАРАБАН:
Италија, Чешка, Србија/Литванија, БиХ/Косово, Финска/Ц. Гора, Грузија/Израел, Грција/Белгија, Турција/Романија, Украина/Словачка, Полска/Летонија
СП 2027
Вкупно учесници: 32
Директно пласирани: Германија (домаќин), Данска (Светски првак)
Азија: Катар, Јапонија, Бахреин и Кувајт (1-4 место на Азискиот шампионат)
Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Чиле, Уругвај (1-4 место на Јужноамерикански шампионат)
Африка: Египет, Капе Верде, Алжир, Тунис, Ангола/Мароко (1-5 место на Африкански шампионат)
Европа: Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска (1-6 место на ЕП) +10 победници во вториот бараж
Северна Америка и Кариби: Првак на шампионатот
ИХФ: Валјд карти х2

