36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

ЕХФ потврди: Вардар директно во групната фаза на ЛЕ, Алкалоид ќе мора да игра квалификации

Македонија за првпат во историја ќе има шест екипи во европските ракометни купови. Освен Еурофарм Пелистер кој ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите, директен пласман во групите обезбеди и Вардар и тоа во Лигата на Европа.

Алкалоид иако минатата сезона го освои Европскиот куп, сепак, ќе мора да игра во квалификациите за влез во групите на Лигата на Европа. Директно место имаат 20 екипи, а 24 екипи ќе се борат за 12-те слободни места. Екипата од Автокоманда ќе биде аутсајдер според поделбата на шеширите, па може да се очекува дека ќе добие квалитен противник.

Во третото по ранг натпреварување, Европскиот куп, ќе учествуваат три македонски екипи. Охрид и Тиквеш се пласирани директно во второто коло, додека Бутел ќе стартува во првото.

Во женска конкуренција, Македонија ќе има четири екипи, и сите се пријавија за настап во Европскиот куп. Шампионот Ѓорче Петров ќе го започне натпреварувањето директно во третото коло, додека Чаир, Куманово и Металург ќе стартуваат во второто коло.

- Оглас -

Најнови вести