Ексдокторот на Ливерпул се исплашил кога го видел половиот орган на Стивен Џерард

Во 2014 година, по еден меч од ФА купот помеѓу Ливерпул и Борнмут, тогашниот капитен на Црвените, Стивен Џерард, си го повредил пенисот. Ова е ретка појава, но Џерард го имал тој малер, па по мечот морал да биде шиен.

Тогашниот клупски доктор на Ливерпул, Ендрју Мејси, успеал да ја санира повредата, но воопшто не му било пријатно искуство.

„Видов крв на сите страни и помислив дека навистина е многу болно. Никогаш порано не сум учел како да заштитам пенис. На ниту еден курс не се учи тоа. Не сакав баш да дојдам во ситуација да го шијам пенисот на Стивен, но така беше, морав да го сторам тоа“, вели Мејси, кој сега работи во ФИФА, како член на медицинската комисија.

Џерард раскажа дека по „операцијата“ во соблекувалната, некои од соиграчите се смееле. Стиви Џи се сеќава дека добил посекотина и му кажал за тоа на тренерот Брендан Роџерс. Џерард тврди дека не го болело, но имал многу крв и многу го чешало. По шиењето, тој бил среќен што не морал да се прости со својот „верен пријател“, но морал да го трпи сеирот од колегите.

- Оглас -

Најнови вести