Серхио Контрерас-Коке, некогашниот играч на Малага, Олимпик Марсеј и грчкиот Арис, е еден од уапсените во големата акција на шпанската полиција во откривање на група која се занимавала со трговија со дрога. Коке е уапсен во акцијата наречена „Маскота“, а се смета дека е еден од водачите на групата која дејствувала во Севилја, Малага и Гранада. Во акцијата бил запленет повеќе од еден тон хашиш.
Поранешниот фудбалер кариерата ја започна во Малага, а играше и во Олимпик Марсеј, додека најмногу се задржа во Арис, каде што во 175 меча даде 39 голови. Во 2017 година Коке реши да ја заврши кариерата и се врати во Шпанија, каде што очигледно започнал со нелегални активности.
Un exjugador de la Liga, detenido por la Guardia Civil por tráfico de drogas y armas
El exjugador del Málaga C.F. Sergio Contreras, Koke (Málaga, 1983), es uno de los veinte de detenidos por la Guardia Civil en una operación contra el tráfico de drogas pic.twitter.com/WiMuhOKFQ0
— Moises Lopez (@chapoisat) November 19, 2019