Алекс Сонг имаше одлична кариера, а кулминацијата му беше во деновите поминати во екипи како што се Барселона и Арсенал. Сонг сега има 33 години и уште е активен, игра за тимот на Арта Солар во Џубути, каде што е главна ѕвезда.
Иако официјално уште е активен на теренот, Сонг фокусот го има ставено на новиот бизнис, додека фудбалот му е во втор план. Се врати во родниот Камерун, каде што основа фирма за градежниство и засега му оди одлично. Неговата градежна фирма досега има изградено многу објекти, а Сонг знае да се пофали на социјалните мрежа за неговите потфати.
View this post on Instagram
Сонг во кариерата заработи голема сума на пари и сега реши еден дел да ги вложи во градежна компанија, потег кој се покажува како исправен. Од фудбалските денови, Камерунецот може да се пофали дека со Барселона во 2013 година го освои првенството на Шпанија и Супер купот.
View this post on Instagram