Холандија ја изненади Турција во првото квалификациско коло за настап на Европското првенство во 2021 година со победа од 72:65, а главен актер на сензацијата беше Шарлон Клоф.
Бекот шутер на „лалињата“ беше незадржлив и главен режисер на победата на гостите. Клоф и е познат и нашата спортска јавност, бидејќи играше за МЗТ Скопје една сезона.
Јаник Франке постигна 16 поени, а двоцифрен учинок имаше и Ворти Де Јонг со 12 поени.
Кај Турците кои играа без евролигашките кошаркари се истакна Махмутоглу со 20 поени.
Голем подвиг направи и селекцијата на Босна и Херцеговина со страшен пресврт против Летонците. Босанците победија со 62:61, откако во последната четвртина поведоа со 14:0 и во финишот со два поени славеа на гостински терен.
Очекуванио победи забележаа Грција против Бугарија со 73:63 и Хрватска против Шведска со 72:56. Во тек се мечевите меѓу Црна Гора и Велика Британија, Германија со Франција и Чешка против Данска, а во 20.30 почнува дуелот меѓу Белгија и Литванија.