Со победа на Реал над Хапоел, Партизан може да ја има најдолгата победничка серија во Евролигата

Осум интересни натпревари ќе се одиграат вечерва во Евролигата бидејќи ситуацијата на табелата на две кола до крајот е таква што секоја победа е важна и може да донесе промени.

Реал Мадрид, кој дома има 11 победи по ред, е фаворит против Хапоел бидејќи на Кралскиот клуб му треба победа за да обезбеди место во Топ 6 и директно да влезе во плејоф, а Хапоел, кој има четири победи по ред, веќе е таму. Иста е ситуацијата и со мечот Валенсија – Олимпијакос. Домашните со победа дефинитивно ќе бидат во плејоф.

Ако Хапоел загуби, Партизан, кој игра дома со последниот Асвел, има прилика со победа да има четири победи по ред, што би била најдолга низа во моментов во Евролигата.

Најинтересно ќе биде во Сараево, каде што Дубаи ќе го пречека Панатинаикос. Победа на арапскиот тим ќе внесе уште поголема драма околу тоа кои екипи ќе влезат во плејин (од седмо до десетто место). Во моментов Дубаи е 11-ти, а пред него се пет екипи со по една победа повеќе од него.

- Оглас -

Најнови вести