Поранешна ѕвезда на Металург потпишува за Вардар

Русинот Павел Атман откако го раскина договорот со Хановер, најверојатно во следните две сезони ќе го носи дресот на европскиот првак Вардар. Атман е добро познат за македонската ракометна јавност, тој го носеше дресот на Металург и стана еден од најдобрите светски централни бекови.

Искусниот 32-годишен Русин за Металург настапуваше од 2013 до 2015 година. Во Вардар ќе ѝ се приклучи на поранешната советската колонија, а доаѓа на барање на Едуард Кокшаров, кој работи во клубот како спортски директор. Атман треба да биде замена за Игор Карачиќ, кој потпиша за Кјелце.

- Оглас -

Најнови вести