Ексклуб на Хамес тврди дека Реал не доби ниту евро од продажбата на Колумбиецот

Аргентинскиот прволигаш Банфилд тврди дека трансферот на Хамес Родригес од Реал Мадрид во Евертон е без отштета, односно не изнесува 25 милиони евра како што првично беше најавено. Ваквите тврдења на Банфилд се основаат врз тоа дека не им стигна процент од споменатата сума при реализирањето на трансферот.

Пред Хамес да се проба во Европа, поточно пред да се пресели во редовите на Порто во 2010 година, Банфилд стави клаузула да добива одреден процент од сумите при идни трансфери, а од последниот на Колумбиецот не доби ниту евро.

Претседателот на Банфилд, Ингацио Узкиза, преку официјално соопштение ги истакна овие тврдења.

„За жал, трансферот на Хамес во Евертон е без отштета, што значи дека на Банфилд не му следува процент од сумата при неговиот ангажман“

https://twitter.com/CAB_oficial/status/1306617391397380096

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести