Искусниот Улисес Дијас (39) само за три секунди го нокаутираше противникот Даниел Бенедет во Bare knuckle fighting, што е своевиден бокс без класични заштитни ракавици, туку само ленти кои ги штитат од гребаници.
Овој спорт, кој се практикува во САД од пред некоја година, може да биде брутален и крвав, а тоа се докажа и во борбата на Дијас и Бенедет, која траеше само три секунди и ова е еден од најбрзите нокаути во историјата на боречките спортови.
Погледнете како Дијас на експресен начин го испрати на под својот противник:
https://twitter.com/i/status/1327690958830505984