Пет интересни комбинации има во денешната понуда на Квотите на денот во Sport Life. Првиот меч се игра во Братислава, каде што Слован е домаќин на македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум, а тука опцијата е стружани да постигнат барем еден погодок за да биде добитна квотата која се вреднува со точно два.
Полуфиналето од Европското првенство меѓу Холандија и Англија нуди две комбинации. Првата е Англија да не загуби во меч на којшто ќе има од 2-4 погодоци, што е со коефициент од 2.45.
Втората опција е Холандија да не загуби во меч на којшто ќе бидат постигнати најмалку два гола и оваа комбинација е со коефициент од 2.55.
Во Бразил, Васко де Гама треба да слави над Коринтијанс, а освен „кецот“, потребно е да има и еден погодок во второто полувреме за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.40.
Полуфинале се игра и на Копа Америка, и тоа меѓу Уругвај и Колумбија. Тука не треба да има калкулации и победникот да се знае по 90 минути, па затоа играта 12&2+ е примамлива и е со коефициент од 2.30.