„Ел Чирингито“: Реал добива понуда вредна 500 милиони евра за Винисиус јуниор

Реал Мадрид наскоро ќе добие официјална понуда од 500 милиони евра за Винисиус јуниор, тврди „Ел Чирингито“, еден од најдобро информираните медиуми во Шпанија. Саудијците веќе некое време отворено го сакаат Винисиус, а и самиот Бразилец е свесен за интересот од Саудиска Арабија и колкава плата му нудат.

Винисиус јуниор би добил неверојатни милијарда евра за пет години ако се согласува да да игра и да стане заштитно лице на кандидатурата на Саудиска Арабија за организација на Светското првенство во 2034 година.

„Ел Чирингито“ додава дека оваа понуда сè уште не е официјално испратена, но Саудијците веќе се обратиле до Реал Мадрид и го информирале клубот за нивната намера.

Шпански „АС“ пред две недели објави дека Саудијците се подготвени да платат 400 милиони евра на Реал, но „Ел Чирингито“ сега открива дека всушност се работи за половина милијарда евра. Отштетната клаузула на Винисиус во договорот со Реал Мадрид изнесува една милијарда евра.

Инсајдерот Марио Кортегана откри дека делегацијата на Државниот инвестиционен фонд на Саудиска Арабија контактирала со менаџерите на Винисиус со желба да стане заштитно лице на саудиската лига.

- Оглас -

Најнови вести