Ел Нињо се врати дома да биде тренер на младинскиот погон на Атлетико

Фернандо Торес се врати во Атлетико Мадрид за да работи како тренер на У-19 тимот на Јорганџиите. Ова е прв предизвик за популарниот Ел Нињо на стартот од тренерската кариера откако минатата сезона го изучуваше занаетот речиси во сите категории на шпанскиот првак.

Торес е легенда на Атлетико, токму од младинскиот погон на Јорганџиите стартуваше неговата богата кариера. Одигра вкупно 351 меч за Атлетико со учинок од 121 погодок во сите натпреварувања, статистика која ја надополни по враќањето во Мадрид во 2015 година.

Торес играше уште за Ливерпул, каде што најдобро покажа дека е расен голгетер, додека со Челзи ги освои освои двете натпреварувања на УЕФА, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, но беше далеку од својата претпознатлива форма. Ги бранеше боите и на Милан, фудбалската кариера ја заврши во Јапонија, во тимот на Саган Тосу, каде што се пензионира во летото 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести