Фудбалерите на Ал Хилал го направија најголемото изненадување на Светското клупско првенство, откако во осминафиналето со 4:3 го елиминираа Манчестер сити и тоа во меч кој траеше 120 минути.
Со оваа победа Ал Хилал покажа дека квалитетот во Саудиска Арабија сепак не е толку далеку од врвниот фудбал во Англија. По завршување на мечот, во соблекувалната на Ал Хилал беше еуфорично, а посебно радосно беше кога се појавил еден од саудиските шеици. Тој им најавил на играчите дека за победата над Манчестер сити, секој фудбалер на Ал Хилал ќе заработи паричен бонус од неверојатни пет милиони евра.
Со овој даден бонус само се потврдува колку клупскиот, но и државниот врв во Саудиска Арабија вложуваат во развојот и промоцијата на фудбалот во светски рамки.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против бразилскиот Флуминесе кој е актуелен првак на Јужна Америка.