37.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Еланга со деби гол за Њукасл, но Арсенал победи со пресврт (Видео)

Фудбалерите на Арсенал ја забележаа и втората победа во Сингапур, па отако славеа над Милан (1-0), сега го победија и Њукасл со 3-2.

Ентони Еланга со својот деби гол во дресот на Њукасл го отвори резултатот уште во шесттата минута, но до крајот на првиот дел, Арсенал успеа да направи пресврт.

На 1-1 израмни Микел Мерино во 33-тата минута, а само две минути подоцна Алекс Марфи си постигна автогол.

Џејкоб Марфи во 58-мата минута го израмни резултатот на 2-2, а Мартин Одегард од пенал во 84-тата минута донесе победа од 3-2 за Арсенал.

Арсенал на азиската турнеја ќе одигра уште еден меч, против Тотенхем во четврток, во Хонг Конг, додека Њукасл се сели во Јужна Кореја каде ќе игра против ѕвездите на корејското првенство, како и против Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести