Елена Рибакина е победничка на завршниот ВТА турнир откако во финалето успеа да ја совлада првата светска тенисерка Арина Сабаленка.
Рибакина, која е шеста на ВТА-листата, одигра впечатливо финале и ја совлада Сабаленка со 2-0 во сетови, со резултат 6-3, 7-6.
Во првиот сет Казахстанката успеа да направи клучен брејк за водство од 4-2 и го освои сетот без дополнителни проблеми. Вториот сет беше многу поизрамнет, Сабаленка имаше две сет-топки при 5-4, но не успеа да ги реализира.
Во тај-брејкот, Рибакина целосно ја контролираше играта и го доби со убедливи 7-0.
Ова е прва титула на завршниот мастерс за Елена Рибакина, што ја заокружува една од најуспешните сезони во нејзината кариера.

