Елиф не греши двапати: Елмас со глава даде гол за Наполи (Видео)

Елиф Елмас погоди во 64-тата минута за Наполи и намали на 1:2 на гостувањето во Москва кај Спартак, во меч од петото коло од Лигата на Европа.

Македонскиот репрезентативец е еден од најдобрите кај гостите, а во првото полувреме имаше две неверојатни шанси во две секунди, но домашниот голман бранеше.

Овојпат Елмас со глава успеа да го матира голманот на Спартак и да намали на 1:2 на 20-тина минути пред крајот на дуелот.

За Елмас ова е втор погодок во дуелите против Спартак, откако Дијамантот погоди и на првата средба што се играше во Неапол. Тогаш Елмас даде гол само по 11 секунди игра, што е историски најбрз погодок за една италијанска екипа во историјата на Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести