19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Елитниот фудбал се враќа за 10 дена, каква е состојбата со остантите лиги?

Германската Бундеслига ќе биде првата силна европска фудбалска лига која ќе биде продолжена и тоа ќе се случи за десет дена, на 15-ти мај. По зеленото светло од канцеларката Ангела Меркел, Германците ќе бидат првите од Топ 5 лигите кои ќе се рестартираат, а тие веќе тренираат под строги мерки за безбедност.

Мечевите ќе се играат без публика, а до крајот на сезоната останаа уште 9 кола. Треба да се доигра и Купот на Германија.

Но, не ја имаа сите „среќата“ на Германија. Фудбалските лиги за оваа сезона беа дефинитивно суспендирани во Франција, Аргентина и Холандија. Во Холандија не се прогласи шампион, а Ајакс и АЗ Алкмар ќе играат во Лигата на шампионите, додека Вилем Втори, ПСВ и Феенорд ќе треба да се задоволат со Лигата на Европа. Во Аргентина лигата заврши, но требаше да се игра Копа Суперлига и таа е прекината, но јасно е кои четири клуба ќе играат во Копа Либертадорес. Французите го прогласија ПСЖ за шампион бидејќи по 28 кола, тимот од Париз имаше убедлива предност.

Скоро враќање се очекува во Германија и Португалија. Германците продолжуваат на 15, а Португалците на 30 мај. Јуни е месецот во кој повторно би требало да гледаме англиска Премиер лига, шпанска Ла Лига и италијанска Серија А. Англичаните планираат да играат од 8 јуни до 27 јули. Во Шпанија, на 11 мај тимовите почнуваат со индивидуални тренинзи, па и таму би можело првенството да се реактивира на почетокот на јуни. Италијанците на 18-ти мај ќе почнат да работат групно, па постои оптимизам дека и таму лигата ќе се доигра летово.

 

- Оглас -

Најнови вести