Елмас: Бев изненаден од агресивноста на Казахстан, го остваривме планот да освоиме три бода

Елиф Елмас, како и сите други во македонскиот национален тим, истакна дека знаеле дека во Казахстан нема да биде лесно да се освојат три бода, но успеале и задоволни се што е остварен планот и желбите за победа која ја остава Македонија на првото место во групата и во трка со Белгија и Велс за директен пласман на Мундијалот.

„Нашиот план беше да освоиме три бода. Го остваривме и тоа е најважно за нас. Беше тежок натпревар за нас, патувавме долго, имавме само два дена одмор по Белгија. Затоа овие три бода се многу важни за нас и среќни сме. Казахстан навистина беше добар, морам да кажам дека бев изненаден од нивната агресивност. Реков за нас најважни се трите бода, ги освоивме и многу сме среќни“, коментираше Елмас.

- Оглас -

Најнови вести