31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Елмас дефинитивно добива нов тренер во Наполи

Елиф Елмас дефинитивно од следната сезона ќе игра под нова команда, без разлика дали Џенаро Гатузо ќе му обезбеди пласман во Лигата на шампионите на Наполи.

Италијанските медиуми тврдат дека претседателот Де Лаурентис успеал да го убеди Лучијано Спалети да седне не жешкото столче на стадионот „Диего Марадона“, кој воедно се согласил на плата од три милиони евра по сезона плус бонуси.

Првиот човек на Наполитанците исто така ветил дека екипата ќе биде значително засилена во пресрет на новата сезона со цел да се оствари подобар успех во однос на тековната сезона.

- Оглас -

Најнови вести