Елиф Елмас беше поуспешен од Дарко Велковски, а тандемот наши репрезентативци и членови на златната генерација што играше на Европското првенство во Полска пред три години вечерва играа за Наполи, односно за Риека, во меч од третото коло во Лигата на Европа.
Помладиот беше поуспешен и Елмас слави победа со Наполи со 2:1 против Велковски и соиграчите од Риека.
Домаќините почнаа одлично и поведоа со голот на Муриќ во 13-тата минута, но потоа се случи пресврт.
Белгиската врска Мертенс и Деме скроија акција за израмнување во 43-тата минута, па на полувреме беше израмнето 1:1.
Мечот го реши тинејџерот Филип Браут со автогол во 62-рата минута, па Наполи ја забележа втората победа во Ф групата.
Победа во вториот меч од оваа група забележа Реал Сосиедад со 1:0 против АЗ Алкмар, па тие два тима, заедно со Наполи, имаат по шест бода, а Риека е последна без бодови.
Резултати на дуелите од 18.55 часот:
Рома – Клуж 5:0, Бенфика – Глазгов Ренџерс 3:3, Хапоел Бер Шева – Баер Леверкузен 2:4, Лех – Стандард 3:1, Лудогорец – Тотенхем 1:3, Омонија – Гранада 0:2, ПАОК – ПСВ Ајндховен 4:1, Рапид Виена – Дандалк 4:3, Реал Сосиедад – АЗ Алкмар 1:0, Риека – Наполи 1:2, Сиваспор – Карабах 2:0, Славија Прага – Ница 3:2.