Елмас е болен и затоа нема да игра против Хофенхајм

Уште малку останува за да заврши полусезоната за заборав на Елиф Елмас во Лајпциг. Македонскиот репрезентативец направи трансфер во зимскиот преоден рок, но наместо да добие поголема минутажа од таа што ја имаше во Наполи, во германскиот тим игра уште помалку.

Само еднаш Елмас беше страртер и тогаш беше заменет на полувреме, додека на останатите дуели на кои играше, најчесто во игра влегуваше во последните 10-тина минути.

Лајпциг вечерва игра против Хофенхајм на гости, а Елмас воопшто не е во составот. тренерот Марко Росе откри дека Елмас во последните неколку дена не тренира и дека е болен, па токму затоа нема да биде во комбинација за гостувањето кај Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести