Елмас Елмас одигра уште еден блескав меч за Наполи. Македонскиот репрезентативец даде два гола и беше најзаслужен што Наполи со 3:2 славеше над Лестер, во меч кој решаваше за патникот во ноакут фазата во Лигата на Европа.
Елмас еднаш погоди во првото и еднаш во второто полувреме, покажувајќи дека се претвора во еден од клучните играчи на италијанскиот тим. Добрата игра на Елмас не остана незабележана, па тој беше избран за најдобар играч во второто по ранг натпреварување за шестото коло.