Елмас е нов играч на Торино, италијанскиот тим за 17 милиони евра ќе може да го откупи договорот од Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Торино. Елмас сезонава ја започна како играч на Лајпциг, клубот во којшто потпиша за сума од 24 милиони евра од Наполи.

Елмас не се снајде во Лајпциг. Не доби шанса да го покаже својот квалитет и најчесто беше на клупата за резерви, па затоа најлогична одлука беше да си замине од бундеслигашот.

Имаше неколку опции како нов можен предизвик за Елмас, но на крајот Торино беше најконкретен и се согласи да го доведе офанзивецот, и тоа како позајмен играч до крајот на сезоната. Според експертот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо, на крајот од сезоната Торино ќе има можност и да го откупи договорот на Елмас, и тоа за сума од 17 милиони евра.

Елмас сезонава во дресот на Лајпциг одигра само шест меча и имаше една асистенција за гол. Пред да дојде во Лајпциг, Елмас пет сезони го носеше дресот на Наполи, со кого се радуваше и на титулата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести