Елмас е новото злато на Наполи, веќе вреди 70 милиони евра!

Елиф Елмас дефинитивно е една од ѕвездите кои сезонава блеснува во италијанскиот фудбал. Македонскиот репрезентативец игра одлично и се наметнува како еден од лидерите во тимот на Наполи.

Токму со голот на Елмас, Наполи синоќа со 1:0 го победи Милан на „Сан Сиро“, а италијанските медиуми не штедеа пофални зборови за играта на македонскиот репрезентативец.

Според пишувањата на престижниот весник „Ла Република“, Елмас со игрите оваа сезона покажал дека е новото „злато“ на Наполи. Според пресметките на Интернационалната фудбалска опсерваторија, вредноста на Елмас оваа сезона достигнала сума од 70 милиони евра.

Елмас е сместен меѓу еден од најдобрите во Топ 5 лигите за играчи коишто имаат помалку од 23 години. Сезонава Елиф одигра 18 меча во Серија А, а постигна два гола, плус имаше една асистенција. Во Лигата на Европа беше вистински лидер на тимот и во шесте дуели до групната фаза, Елмас даде четири гола, плус две асистенции, што е одличен биланс за играч од средината на теренот.

Спалети постојано го фали Елмас како за неговата игра така и за работата и залагањето и на тренинзите. Италијанците се среќни што токму Елмас е суспендиран и нема да може да ѝ помогне на Македонија во дуелот против Италија, во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Елмас во Македонија уште пред неколку години го доби прекарот „Дијамант“, кој сега почнува да блеска најсјајно и во италијанскиот фудбал. И тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, е свесен каков адут има во Елмас и засега одлично го користи.

- Оглас -

Најнови вести