Елмас е првиот Македонец од топ лигите што даде гол во 2023 година, Сампдорија им оддаде почит на клупските легенди Вијали и Михајловиќ (Видео)

Македонскиот репрзентативец Елиф Елмас, го постигна вториот гол за Наполи во победата на неговииот тим од 0:2 на гостувањето кај Сампдорија.

По поразот од Интер, тренерот на Наполи, Лучано Спалети, одлучи да направи измени во првиот тим и шанса да му даде на Елмас кој му возвати со одлича игра и со гол.
Токму Елмас го изнуди пеналот во 82-та минута, откако неговиот шут со рака го запре еден од дефанзивците на Сампдорија. Дијамантот ја презеде одговорноста и со прецизен шут го постави конечниот резултат.
Првиот гол за Наполи го постигна Осимен во 19-та минута.

https://twitter.com/i/status/1612161301458952194

Ова беше 14-та победа за Наполи сезоната и со 44 бода е лидер на табелата, со седум бодови повеќе од Милан кој вечерва го игра дерби мечот против Рома.

Пред почетокот на наптреварот, Сампдорија им оддаде почит на две легенди кои починаа, а го носеа нејзиниот дрес, Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали.
Пред почетокот на мечот, кога со едноминутно молчење им беше оддадена почит на легендите на клубот, покрај тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ, беа синовите на Михајловиќ, Душан, Мирослав и Николас. Емотивните сцени може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести