Елмас го чекаат два меча против Барселона да покаже дека е вистински дијамант

Елиф Елмас синоќа прв пат заигра како стартер во дресот на Наполи и тоа максимално го искористи. Македонскиот репрезентативец одигра одлично, а Наполи славеше против Олимпик Марсеј на „Велодром“. Сега пред Елмас и Наполи се два нови големи предизвици. Италијанскиот тим замина на турнеја во САД, каде треба да одигра два пријателски меча против Барселона. Првиот е рано наутро на 8 август во Мајами, а вториот е вечерта на 10 август во Мичиген.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти е задоволен од досега прикажаното од Елмас, но секако голем предизвик е Македонецот да го покаже целиот свој талент во двата меча против шпанскиот првак.

Барселона во САД замина без капитенот Лионел Меси, но каталонците имаат цела плејада на одлични фудбалери. Шпанскиот првак синоќа на „Камп Ноу“ славеше против Арсенал со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести