Елмас има постигнато еден од најдобрите пет гола за Наполи во 2022 година (Видео)

Погодокот што Елиф Елмас го постигна за Наполи во победата од 3:2 против Удинезе влезе во конкуренција за најдобар погодок во 2022 година на италијанскиот клуб. Елмас сам продре 50-тина метри, успеа да издрибла еден противнички играч, а потоа и да ја затресе противничката мрежа.

Освен голот на Елмас, во конкуренција за најдобри голови се и погодоците на Кварацкелија (Монца), Симеоне (Милан), Осимен (Рома) и Зјелински (Емполи).

- Оглас -

Најнови вести