25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Елмас и Наполи доминираат на „Сан Сиро“, но Милан има предност на полувреме, Реал води во Мадрид

Првото полувреме од италијанската пресметка  во четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Милан и Наполи заврши со предност на Росонерите од 1:0. Иако првиот дел помина во целосна доминација на лидерот во Серија А, кој игра без повредениот Виктор Осимен, но затоа на теренот е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Росонерите имаат преднос,т и тоа благодарение на голот на Бенасер во 40-та минута.

Наполи уште во првиот напад можеше да постигне гол, но шутот на Хвича Кварацхелија беше запрен на гол-линијата. Потоа и Зјелински имаше одлична шанса, но неговиот шут го одбрани голманот Мањан.

Милан својата шанса ја чекаше преку контранападите, во првиот таков обид на средина од првиот дел шутот на Рафаел Леао заврши покрај голот. Но, затоа во вториот контранапад, Милан преку Бенасер успеа да поведе со 1:0.  Во последните секунди од првиот дел, Симон Кјаер можеше да постигне уште еден гол, но неговиот шут заврши во пречката.

 

Реал Мадрид има предност по првото полувреме од 1:0 во дуелот со Челзи. Сините подобро го започнаа натпреварот, но како што одминуваше времето, така Кралевите ја преземаа контролата врз играта, а резултатот го отвори Карим Бензема во 21-вата минута.

- Оглас -

Најнови вести