Шок за Елмас и Наполи, Фиорентина ја доби драмата од 120 минути во Копа Италија

Наполи е елимиран во осминафиналето во Италијанскиот куп во драматичен меч што го доби Фиорентина по продолженија со 5:2.

На „Диего Армандо Марадона“ се одигра еден од најубавите мечеви во Копа Италија сезонава, а имаше од сè по нешто.

Душан Влаховиќ најави изненадување и пласман на Фиорентина во члетвртфиналето со гол во 41-вата минута, но брзо, само за три минути израмни Мертенс.

Во финишот на првото полувреме, Елмас и соиграчите добија неочекуван подарок по исклучувањето на голманот на гостите, Драговски, но не ја искористија предноста.

Со играч повеќе примија гол во 57-мта минута, а потоа во самиот финиш Петања израмни на 2:2 во ситуација кога Наполи имаше деветминс играчи по црвените картони за Лозано и за Руиз.

Фиорентина не пропушти шанса за пласман меѓу осумте најдобри екипи во Купот и со три гола во продолженијата победи со 5:2 и ќе игра со Аталанта за полуфинале.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести