Екипата на Наполи со 1:0 ја победи Специја во еден многу незгоден меч за домаќините, кои голот го дадоа во 89-та минута.
Џакомо Распадори ја погоди мрежата на незгодниот гостин кој што даде повеќе отпор отколку славниот Ливерпул пред неколку дена кој што беше „размонтиран“ со 4:1.
Елиф Елмас одигра 75 минути и беше дел од стартната постава, но нашиот репрезентативец не учествуваше во голот, ниту пак имаше посериозна шанса да го загрози голот на противникот.
Со оваа, четвртта победа од шест кола, Наполи се искачи на првото место со 14 бода, а пред овој тим сега е нов настап во Лигата на шампионите каде што ќе се соочат со Глазгов Ренџерс и тоа на гостински терен.
🚨 Le premier but de Giacomo #Raspadori sous ses nouvelles couleurs !#NapoliSpezia 1-0pic.twitter.com/lVacTuPjPm
— TEAM Serie A FR (@TeamSerieA_fr) September 10, 2022