Елмас излезе, па Наполи капитулираше и остана без победа, Милан ја реши Парма (видео)

Наполи заминува со бод од Болоња по конечните 1-1 од средбата која се одигра во рамки од 33-тото коло на Серија А.

Елиф Елмас како стартер во составот на Џенарот Гатузо одлично се снајде на теренот до 70-тата минута, а по неговото излегување гостите примија израмнувачки гол и испуштија важни три бода. Бероу погоди во 80-тата минута, а Болоња до крајот на мечот притискаше за целосен пресврт.

Наполи по 33 меча во Калчото, останува на шестото место со 53 бода, колку што има и Милан.

Росонерите, пак, за егал со Наполи на табелата се изборија преку триумфот над Парма при убедливи 3-1. Парма изненади на „Сан Сиро“ во првото полувреме, но потоа следуваше пресврт кој го најави Кеси на спектакуларен начин, а потоа Ромањоли и Чалханоглу го потврдија.

Третиот меч кој почна во 19:30 часот, заврши со убедлива победа од 3-0 на Сампдорија над Калјари. Моментот на средбата беше акробацискиот гол на Бонацоли за поставување на конечниот резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести