Елмас: „Лајпциг е вистинскиот клуб за мене, ќе се обидеме да го изненадиме Реал Мадрид“

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на бундеслигашот Лајпциг. Нашиот фудбалер веднаш даде изјава за клупскиот веб-сајт, за кој вели дека е Лајпциг е вистинскиот клуб за него, а Бундес лигата можност дополнително да напредува.

„Преселбата во Бундеслигата и приклучувањето на РБ Лајпциг е исполнување на сонот за мене. Клубот е познат по специјалниот фудбал што го играат. Сакаат пресинг, играат со темпо и имаат силен напад. Сето тоа ми одговара. Тимот е кул, мешавина од млади таленти кои можат многу да се подобрат овде, но и играчи кои се искусни и постигнале многу во нивните кариери. Затоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите во јануари. РБ Лајпциг се етаблира како еден од врвните тимови во Бундеслигата и за многу краток период стана големо име во европскиот фудбал. Кога разговарав со Рувен Шредер и Марко Роуз, многу брзо сфатив – сакам да играм за овој клуб! Имаме незгодна втора половина од сезоната. Сакам да помогнам да останеме во врвот на Бундеслигата, но и да го изненадиме Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, рече Елмас за веб-сајтот на Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести