Елмас може да се врати во Серија А и повторно да заигра во еден поранешен клуб на Горан Пандев

Веќе една година помина откако Елиф Елмас се пресели од Наполи во бундеслигашот Лајпциг. Сепак, Елмас никако не успеа да се избори за место во стартниот тим на тимот кој атакува на висок пласман во Бундеслигата, па се поизвесно е дека може да си замине и тоа уште во овој зимскио преоден рок.

Според ТутоМеркато од Италија, ситуацијата околу Елмас со внимание ја следи калчолигашот Лацио. Македонскиот репрезентативец има одлично искуство од италијанското првенство, затоа што во дресот на Наполи успеа да ја освои титулата во Серија А. Наполи со Елмас во составот го освои скудетото и тоа по пауза од повеќе од 30 години.

Наполи е клуб во кој претходно има играно и Горан Пандев, а интересно е дека ако Елмас потпише за Лацио, тоа повторно ќе биде поранешен клуб на Пандев. Популарниот Гоче во Лацио помина пет сезони и одигра 189 меча во кои постигна 64 голови.

- Оглас -

Најнови вести