Лајпциг во моментов го почнува дуелот со Санкт Паули од 16-финалето на Купот на Германија, а Елиф Елмас го нема меѓу стартерите кај Црвените бикови.
Тренерот Марко Розе речиси редовно го остава Елмас на клупата за резерви во мечевите од Бундеслигата и од Лигата на шампионите, па се очекуваше Дијамантот да добие прилика да биде стартер барем во Купот. Но, Елмас и во Купот е резервист, што ќе продолжи да ги подгрева шпекулациите дека на него не се смета сериозно во клубот и треба да си ја бара среќата на друго место уште во јануарскиот преоден рок.