Елиф Елмас беше еден од најдобрите фудбалери на Македонија во дуелот против Белгија. Во првото полувреме Елмас погоди статива, а во вториот дел постигна гол кој за жал беше поништен поради офсајд.
„Во првото полувреме имавме две стативи, едноставно среќата не беше на нашата страна. Сепак, можеме да бидеме задоволни, бидејќи покажавме добра игра против една репрезентација која е на високо ниво. Не можам да бидам среќен, но задоволен сум со бодот.
Квалификациите ги започнавме со три освоени бода, гледаме на секој меч да дадеме максимум. Секако дека одиме на три бода и против Казахстан. Сакаме да дадеме сè што можеме од нас на теренот. На сите ни е сон пласман на Светско првенство, овој меч само поттик за следните натпревари. Се надевам дека ќе ги освоиме три бодови против Казахстан“, рече Елмас.