Елмас не е стартер против Реал Мадрид на историскиот меч во Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не е во стартниот тим на Лајпциг за вечерашниот меч против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите. Откако дојде во Лајпциг, Елмас ниту еден меч не бил стартер, па така и сега шансата ќе ја чека од клупата за резерви.

Чаџи Симонс, Дани Олмо, Шешко и Хендрикс се главните адути на Лајпциг да се обидат да направат изненадување во Мадрид. По првиот меч одигран во Германија, Реал славеше со 1:0.

Кралскиот клуб вечерва во стартниот тим ќе биде со Белингам, Винисиус јуниор, Валверде…

Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде историски затоа што за првпат во европските купови на УЕФА еден натпревар ќе се игра со целосно затворен покрив. 

Многу помалку тензија ќе има во Манчестер, каде што актуелниот европски првак Сити е домаќин на Копенхаген. По првите 90 минути, Сити има убедлива предност од 3:1, па избраниците на тренерот Пеп Гвардиола треба рутински да ја довршат работата.

- Оглас -

Најнови вести