Елиф Елмас е еден од најзаслужните што Наполи на полиувреме води со 1:0 на гостувањето кај Копенхаген. Македонскиот репрезентативец центрираше од корнер, а Мектоминеј со глава погоди во 39 минута за водство на Наполи на гостувањето. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Во дербито на вечерта Арсенал со 2:1 води на гостувањето во Милано кај Интер. Двата гола за Топчиите ги постигна Габриел Жезус, а Сушиќ погоди за Интер.
Тотенхем со 2:0 води во Лондон против Борусија Дортмунд, а иста предност има и Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во дуелот против Монако.
Актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен на гости игра без голови против Спортинг во Лисабон. Нема голови и на дуелот меѓу Вилјареал и Ајакс.

