Елмас одигра половина час за Лајпциг, сите мечеви во Бундеслигата завршија гол-гол

Елиф Елмас одигра половина час за Лајпциг во дуелот против Вердер Бремен кој заврши 1:1. Гостите поведоа со автогол пред крајот на првото полувреме, а Лајпциг израмни преку Шешко во 61 минута. Три минути откако Лајпциг даде гол, во игра влезе и Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец се обиде да помогне неговиот тим да стигне до три бода, но на крајот дуелот заврши без победник. Сите четири средби кои се одиграа попладнево во Бундеслигата завршија со комбинација гол-гол.

Нерешено со резултат 1:1 завршија и средбите меѓу Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт, како и пресметката меѓу Фрајбург и Хајденхајм. Победник имаше само на мечот Келн и Унион Берлин, а таму домаќините се радуваа со 3:2 и ги задржаа шансите дека може да се спасат.

- Оглас -

Најнови вести