Елмас: Ова беше мој прв гол од пенал, бев сигурен дека ќе погодам

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера го одигра својот прв натпевар во 2023 година и имаше огромен удел во победата на неговиот Наполи од 2:0 на гостувањето кај Сампдорија.

Дијамантот го посригна вториот гол за Наполи, и тоа од пенал и му покажа на тренерот Лучано Спалети дека заслужува почесто да биде во првиот тим на лидерот во Серија А.

Елмас против Сампдорија за прв пат шутираше пенал како играч на Наполи и го постигна четвртиот гол сезонава во Серија А. Интересно е што ова беше прв постигнал гол на Елмас од пенал во неговата кариера.

„Пенал шутира тој што се чувствува најдобро и нема некој што мора да шутира. Кој и да шутира не менува ништо, најважно е да се даде гол и да се победи. За мене беше важно само да дадам гол, и бев сигурен дека ќе погодам. Ова беше мојот прв гол од пенал“, рече Елмас.

Интересно е што Спалети му додели двојна улога на Елмас, македонскиот репрезентативец почна во средниот ред, а по излегувањето на Квича Кварацхелија, се пресели во нападот.

„Мене тоа никогаш не ми пречело. Ако треба ќе бидам и голман, само Наполи да победува. Беше многу важно по оној пораз од Интер експресно да се вратиме да победиме, а не беше лесно против Сампдорија. Како и да е, успеавме да ја завршиме работата, целта е остварена за денеска, одиме понатаму“, изјави Елмас.

- Оглас -

Најнови вести