25.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Елмас почна да диригира, Наполи славеше на „Велодром“ (видео)

Наполи запиша нов позитивен резултат во подготовките во пресрет на новата сезона, на гостувањето на „Велодром“ против Марсеј избраниците на Карло Анчелоти славеа со минимални 1-0. Победничкиот гол беше дело на Дрис Мертенс, но најголема заслуга има македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас беше стартер и одигра едно полувреме, што беше доволно да ги покаже својата визија и пас игра. Во 39-тата минута изрежира одлична акција и со едно високо додавање отвори простор за Наполитанците да дојдат до посакуваниот погодок.

https://www.youtube.com/watch?v=lzT4_skF0Iw

- Оглас -

Најнови вести